Предлог за појадок: Мафини со сирење и спанаќ

Потребни состојки:
-120 г спанаќ
-100 г брашно
-100 г пченкарно брашно
-3 јајца
-2 лажички прашок за пециво
-100 мл масло
-сол по вкус
-160 г фета сирење
-100 мл млеко
-160 г сирење
Начин на подготовка:
Подгответе калапи за 12 мафини, вклучете ја печката да се загрее на 190 степени.
Спанаќот, откако ќе го измиете, исчистите и исушете, исечете го што поситно и измешајте го заедно со сите состојки. Сирењето издробете го.
Со лажица добро измешајте и зачинете по вкус. Со смесата полнете ги калапите и по желба додадете и сусам.
Печете околу 25 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.