Пред да влезам кај  извршителот го ставив телефонот на снимање! Прочитајте !

Кај извршител на 31.01.2018 години
Огромен стрес за “неплатена” сметка во износ од 3.900 денари, и по истата сметка извршно решение во износ од 12.900 денари, и се тоа “најнормално” без било какво известување и информација – уште еден стрес, блокирана сметка. Познавајќи ги многу добро луѓето  кои свесно, монструозно  го покрадоа до гола кожа овој народ последниве години, тука не мислам само на извршителите туку и на сите други  што покрадоа, знаејќи дека се претворија во вистински чудовишта, пред да влезам кај  извршителот го ставив телефонот на снимање.
Се што ќе кажам подолу  е снимено и може во секое време да се слушне и да послужи како доказ.
На видната нервоза во мојот глас,  бидејќи сметките секогаш ги плаќам на време, извршителката ми се обрати со многу љубезен тон дека нема ама баш никаква потреба да бидам нервозна и лута. Дека тоа е завршена работа, треба да се смирам и да сфатам за што се работи, не баре сум ретардирана (очигледно мојата блокирана сметка за неа беше едно големо ништо). Се смирив колку можев и запрашав: Има ли некаква промена во Законот за извршување?
Потоа реков дека сум правник и тврдам дека е потребна итна промена во Законот за извршување. Дека во принцип срамота е од овој народ да се краде, (значи не дека таа лично краде). “За да ми олесни“ извршителката ми рече да донесам од работа потврда за плата и одбитоци од плата, за да не ми ја блокираат и следната плата. За 40 минути потврдата беше кај извршителката, но наместо неа се појави нејзиниот сопруг  (не знам во кое својство), кој рече дека е доцна и дека потврдата утре ќе ја однесат во банка, но дека не е сигурен дека сметката ќе биде деблокирана (утредента требаше да земам плата). Реков дека требаше да ми кажат, а не да ме измалтретираат на овој начин. За цело време телефонот снимаше се што разговаравме. На мое инсистирање потоа се видов со извршителката, иако секретарката претходно ми рече дека е излезена.
Ееее, тогаш за мене настапи вистинскиот пекол од понижувања, деградирање и на висок тон навреди од типот: се додека има луѓе како мене, кои не си ги плаќаат сметките ќе има извршители. Дека јас не сум никаков правник, дека ништо не знам…….. со еден збор, без судење, без докази, без човечност, култура и воспитување, како ПРЕКИ СУД (и многу јак правник) во моментот ми пресуди дека јас сум виновна, и згора на тоа дека сум никој и ништо.
Ова ме потсети на сите долги 12 години диктатура кога работев за легализација на дивоградби и градежно земјиште, ефективни 8 часа на работа и дома уште 5-6 часа, а мојата раководителка и градоначалникот – нормално вмроовци, секогаш коментираа дека тоа не е доволно. Навредуваа, понижуваа и дискриминираа, иако беше сосема јасно и очигледно кој колку и како работи.
Но, да се вратам на извршителката. На прашањето зошто ме навредува ми одговори дека е навредена од мојата изјава како секој го краде овој народ (значи пазете, никогаш не реков дека таа лично го краде народот), по што само рече дека повеќе нема со мене да разговара, се заврте и излезе.
Со блокирана сметка , понижена, навредена, преморена отидов дома и ја најдов сметката платена уште во 2013 година. Повторно отидов кај извршителката, секретарката едвај ја зема сметката, ја фотокопираше и ја однесе кај извршителката. Иако инсистирав таа воопшто не се појави, а не пак на пример, што е најнормално, да се извини. Потоа отидов кај нотарот, каде ми објаснија дека треба да одам во стара “Топлификација“ , тие да дадат налог да се запре извршувањето и парите да ми се вратат на сметка.
Во “Топлификација“ веднаш ја најдоа грешката направена во Пошта, каде службеничката погрешно го запишала мојот кориснички број и парите отишле кај некој друг корисник на “Топлификација“.
По два дена парите беа вратени на мојата сметка, но за 1.500 денари помалку, банката ми задржа провизија за “УСЛУГАТА“ во која БЕЗ БИЛО КАКВА МОЈА ВИНА бев оштетена, навредена, омаловажена и за која во секоја нормална држава со нормални извршители, а не алчни, ненаситни, искомплексирани и полни со сиротински пари, недефинирани, голем број од нив вмроовски, фашистички карактери после донесен доказ за платена сметка ќе се извинат за неоснованите навреди. Ако ништо друго како луѓе, а да не зборуваме како извршители кои се поставени заради граѓаните и кои токму од тие граѓани заработуваат енормно многу во однос на стандардот и примањата на обичниот човек кој секој ден се чуди како да преживее.
И на крајот, ако земањето 1.500 денари за “УСЛУГА“ во која без никаква вина граѓанинот е оштетен на многу начини и која треба да ја плати “Топлификација или Пошта или….било кој друг, не е крадење од граѓаните, ако за огромните пари за услуги по извршни решенија што ги земаат  (не сите, некои) адвокати, нотари и извршители, самите свесни дека тоа е законско крадење, ако за сето тоа не можеме да кажеме дека е крадење од граѓаните – тогаш сите ние треба да се собереме и газ преку глава да заминеме од земјава во која очигледно треба да останат само политичарите, извршителите, адвокатите, нотарите, “Топлификација“, Пошта и уште неколку фирми да се ебат меѓу себе.
предложен текст другарите на сашенце

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.