Пред 20 години со убавината го хипнотизираше светот: Вака изгледа денес познатата латино заводничка

Пред повеќе од 2 децении, домашната публика ‘полуде’ по латино-американските серии, а една од омилените беше „Росалинда“.
Пред 20-на година, шпанските серии во Македонија беа многу популарни, а една од омилените актерки секако беше Талија, која се прослави со улогата во серијата „Росалинда“.
Со убавината и неверојатниот изглед ги маѓепса сите, а денес на 49-години изгледа подобро од било кога. За пејачката и актерка како времето да застанало. Таа и денес може да се пофали со совршен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thalia (@thalia)


Талија сè уште е голема ѕвезда во Мексико, а во Америка се најде во центарот на вниманието откако се венчаше за поранешниот сопруг на Мараја Кери.
Од актерството се откажала, но активно се занимава со музика. Во 2007-ма година ја добила ќерката Сабрина, а во 2011-та година на свет дошол Метју.

Талија е многу активна на социјалните мрежи, па фановите добро се упатени во случувањата од нејзиниот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.