четврток, 12 ноември 2026
Најново

Прекината постапката на Антикорупциска против Дамјан Манчевски?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, на својот Фејсбук профил напиша дека откако поднел демант со конкретни докази, Антикорупциската комисија ќе ја прекине постапката што ја покрена како одговор на пријавата од ВМРО-ДПМНЕ со, како што вели, лажни и нецелосни податоци. Постапката против Дамјан Манчевски беше околу сомнежи во врска со грчки фирми, по објавувањето на прислушуван разговор.
– Членовите на ДКСК беа избрани на транспарентен начин, согласно професионални критериуми, а тоа го потврдуваат со својата работа. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ, следен пат кога ќе одлучат да ме обвинуваат, тоа да го прават со докази, а не со шпекулации и невистини“, напиша Манчевски.

 

Поврзани вести