Прекрасен десерт:Тоблероне со мед и сусам

Вкусно тоблероне со мед и сусам, кое може да се искористи во пости.
Овие колачи не е задолжително да бидат посни, па користејќи млечно чоколадо и мрсни бисквити, може да си направите исто така мрсна варијанта. Превкусни се.
Состојки :
50 гр. чоколадо (посно)
50 гр. шеќер во прав
65 гр. маргарин (1/4 коцка)5 лажици мед100 гр. мелени бисквити (посни)
100 гр. сусам (потпечен)
50 гр. лешници (потпечени, сечкани)
глазура50 гр. чоколадо
(посно)1 лажица масло


1. Сусамот се потпекува без масло, а потоа се лади.
2. Лешниците се потпекуваат, им се отстранува лушпата, се ладат и се сечкаат во сечко.
3. Во тенџерче се ставаат чоколадото, шеќерот во прав, маргаринот и медот, се топи сето заедно убаво да се соединат состојките, но не да преврие.
4. Штом се стопи сето, тенџерчето се трга настрана, му се додаваат мелените бисквити, потпечениот сусам и лешниците.
5. Се меша сето заедно и додека е топла смесата се распоредува во калап во форма на триаголник, обложен со најлонска фолија која е премачкана со малку масло.
6. Се остава да се излади на собна температура, а потоа се става во фрижидер да се стегне.
7. Потоа се отстранува најлонската фолија од калапот и се премачкува со глазурата од стопено чоколадо и масло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.