недела, 29 ноември 2026
Најново

Преку глава ви е од непрестано гледање во компјутер? Еве што ефикасно помага

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Се повеќе луѓе премногу време поминуваат пред компјутер. Ако сте во таква ситуација правете чести паузи и гледајте во билки.
Околу 80 отсто од луѓето кои поминуваат повеќе од три часа дневно пред компјутер мислат оти тоа им прави проблеми, а половина од нив велат дека тоа им штети на очите, тврди германскиот Сојуз на офталмолози.
Пацинетите како проблеми ги наведуваат сушење на очите, загалување на погледот, главоболки, чувствителност на светло и замор. Она што е ефикасно е да направите повеќе мали паузи отколку една долга, како и да држите билки во канцеларијата. 
Тие се добри за превенција на сушењето на очите зашто додаваат влажност.
Освен тоа, мониторот држите го под прав агол во однос на прозорецот и светилките, избегнувајте индиректно осветлување, а очите држите ги 50 до 80 сантиметри оддалечени од екранот – со што ќе го намалите заморот и проблемот со очите.

Поврзани вести