Преку 3.000 украински затвореници побарале да се приклучат на армијата

Илјадници украински затвореници бараат да ѝ се приклучат на армијата, соопшти денеска Киев, по одлуката на Парламентот со која се овозможуваат некои категории затвореници да се приклучат на вооружените сили.

-Има повеќе од 3.000 луѓе. Ова го предвидовме пред усвојувањето на овој закон, наведе заменик-министерката за правда Олена Висоцка.

Таа додаде дека властите идентификувале 20.000 подобни затвореници и дека од нив 4.500 изразиле интерес да се приклучат на армијата.

Согласно новиот закон на украинската армија може да ѝ се приклучат само затвореници на кои им останаа помалку од три години од казната. На мобилизираните затвореници им се дава условно ослободување наместо помилување.

Пронајдете не на следниве мрежи: