Заедништвото ги обединило нашите борци во напорите за ослободување на Скопје, заедништвото ќе ни помогне и во сите идни предизвици, напиша утрово на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
- Зимско сметање на времето: Стрелките ќе ги поместиме наназад во последниот викенд од октомври
- Дневен хороскоп за среда, 2 октомври! Раковите склони кон измами, а овој знак ќе биде придружен со среќа во финансиите
- Како Влатко Ѓорчев стана мултимилионер и се стекна со акции во Стандард и Пурс, Вангард, Ербас?!
- Германија: Сите германски државјани итно да го напуштат Иран
- Во сабота ѕвездено небо во Крушево во чест нa Тоше
– Денеска кога го одбележуваме 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, се сеќаваме и го празнуваме херојството на борците кои пред 79 години извојуваа победа и испишаа нова историја на ослободеното Скопје. Вечна слава и длабока почит на нашите храбри борци кои по цена на своите животи ја извојуваа слободата во која живееме денес, слободата на градот кој денес е симбол на непокорот и заедништвото на нашите предци, се вели во честитката од Ковачевски до граѓаните по повод 13 Ноември.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.