четврток, 12 ноември 2026
Најново

Преминот Евзони блокиран од грчките земјоделци, патници и камиони се пропуштаат по 10 минути на секој половина час

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

    Од 18 часот вечерва граничниот премин Евзони за влез во Грција е блокиран од грчките земјоделци и на секој половина час по десет минути се пропуштаат патнички и товарни возила.

Веста за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.
-Од 18 часот по македонско време отежнат е влезот во Грција преку преминот Евзони заради блокада на грчките земјоделци. Рампите се креваат на десет минути на секој половина час и засега немаме информација до кога ќе биде блокиран влезот, изјави Богев.
На другите граничните премини со Грција протокот на патници и стока засега се одвива нормално, а до 19 часот имало тричасовен застој на преминот Меџитлија-Ники, кој бил блокиран од грчките земјоделци од 16 часот.

Поврзани вести