Пресудата за “Титаник 2“ доставена до Мијалков и Тачи

Денес од Кривичниот суд во Скопје информираат дека пресудата за “Титаник 2“ е доставена до осудените лица, кои по приемот имаат право на жалба преку Основниот суд Скопје 1 до Апелациониот суд во Скопје.
– Заради зголемен интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека пресудата за предметот со КОК бр. 62/17 од обвинителството означен како “Титаник 2 “, објавена на јавна расправа на 08.03.2019 година, е писмено изработена и експедирана до странките кои по приемот на истата имаат право на жалба преку Основниот суд Скопје 1 – Скопје до Апелацискиот суд – Скопје, а во меѓувреме пресудата е во фаза на преведување и на албански јазик,  наведено е во соопштението од Основен суд Скопје 1.
Пресудата за случајот “Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, Судот ја објави на 8 март годинава.
За изборните нерегуларности на локалните избори во 2013 година поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев добиja казна затвор од три години. Лидерот на ДПА Мендух Тачи доби три години и два месеца, а највисока казна од четири години и шест месеци му беше изречена на Бедредин Ибраими.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.