Претпладне сончево, од попладне повторно дожд

Нови врнежи од дожд се очекуваат од денеска попладне. Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10, а максималната од 17 до 22 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степени.
Врнежите од дожд ќе се задржат до четврток кога се очекува да бидат пообилни во источните делови кога ќе има и појава на ретки грмежи.
Во петок ќе биде претежно облачно, а во сабота сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне сончево, попладне со услови за дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи: