Претседателот на УМС Бутел и советник во општина Бутел Дарко Костовски, учестувал во тепачка во Драчево

ЖЕСТОКА ТЕПАЧКА СО ОСУМ УЧЕСНИЦИ: Претседателот на УМС Бутел и советник во општина Бутел и во исто време и советник во кабинетот на Диме Спасов, Дарко Костовски, учестувал во тепачка во Драчево заедно со припадник на Алфите кој не бил на должност, СИТЕ СЕ УАПСЕНИ И СЕ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА, МВР ГО ПОТВРДИ СЛУЧАЈОТ!

Невиден скандал се случил денеска во близина на средното ветеринарно училиште во Драчево. Имено, претседателот на УМС во Бутел, во исто време советник во општината а и советник во кабинетот на министерот за труд и социјала Диме Спасов, Дарко Костовски, во друштво на припадник на Алфите кој не бил на должност, извесен Игор С., упаднале во некоја бурекџилница чиј газда бил во некаков судир со нив и настанала општа тепачка во која на крај учество земале дури осум учесници и на крај интервенирала полиција и тоа три комбиња кои едвај некако успеале да ги уапсат сите и да ги однесат на распит во полициска станица!

Судирот најверојатно бил поради конкуренција на нивните спортски клубови и теретани, сите учесници имале свои клубови за боречки вештини, сите биле врвни кик боксери, џудисти и каратисти! Ова практично е пресметка на ДПМНЕ-вското подземје и теренците на ДПМНЕ низ Скопје кои најверојатно се испокарале за пари и кој повеќе ќе заграби од ресурси и просторот низ Скопје. Изненадува што во тепачката учествувал полициски службеник, припадник на Алфите, кој не бил на должност но сепак ова фрла уште една дамка врз македонските полициски специјални сили. Пред неколку години таква голема дамка беше убиството на Мартин Нешковски од припадникот на Тигрите, Игор Спасов.

Од МВР го потврдија случајот и ни рекоа дека инцидентот сеуште се расчистува и ќе излезат со соопштение во текот на утрешниот ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.