Приведени 10 мигранти и возачот кој ги превезувал

Синоќа во 21:30 часот на автопатот А-1, на делницата Гевгелија- Неготино, кај мост Клисура во близина на Демир Капија во автомобил “Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки се откриени десет мигранти од Авганистан и Пакистан.
Како што информираше денес портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, возилото било управувано од С.О.(47) од Скопје. Мигрантите тукушто биле излезени од “Мерцедесот“.
-Возачот и патниците се приведени во ПС ОН Неготино каде се задржани до расчистување на случајот, појасни Додевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.