Приведен возач кој „летал“ со 151 км на час на место каде е дозволено 80

На 28.04.2025 во 14.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Р.(40) од с.Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик- ,,безобѕирно управување со моторно возило“.

Изминатиов викенд (26/27.04.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, постапувајќи во делот на контролите на сообраќајот на патиштата низ земјава вкупно издадоа 1570 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци повеќето по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Притоа, заради непрописно паркирање издадени биле 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по основ на непоседување возачка дозвола 141 лице било отстрането од сообраќајот.

Исто така, евидентирани се 62 прекршоци за неносење сигурносен појас, изречени се 31 санкција за возачите на мотоцикл за управување без заштитна кацига, 27 мерки се изречени за користење на мобилен телефон при возење, а осум санкции за возачи кои минале на црвено светло, додека пак 61 возач е отстранет од сообраќај заради недозволено количество алкохол во крвта.

По основ пак на Законот за возила во посочениот период од сообраќај се исклучени 39 возила од кои 11 поради техничка неисправност, а 28 заради тоа што биле нерегистрирани.

Пронајдете не на следниве мрежи: