Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 15:10 часот на ул. „Јуриј Гагарин“ во Скопје го лишиле од слобода С.Џ.(43) од Скопје за издржување тригодишна затворска казна.
Како што сиипшти МВР, С.Џ. бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и осум месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, соопшти полицијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: