Пригответе ги најкрцкавите пилешки крилца според рецепт кој го погледнаа повеќе од 18 милиони луѓе

„Дакгангјеонг“ е име за корејско пилешко кое се обожава низ целиот свет, благодарение на тоа што е сочно и крцкаво, зачинето и многу вкусно. Ја обожава и Маангчи, неодоливо симпатична готвачка која неуморно собира нови обожаватели.
Рецептот на Маангчи за пржено пилешко месо го прегледале повеќе од 18 милиони луѓе на Јутјуб, а меѓу реакциите се и тоа дека е „најкрцкавото пилешко“, јадење што е толку фино што предизвикува солзи радосници, и дека сосот е еден од најдобрите за пилешки крилца.
Состојки за корејско пилешко:
1600 гр пилешки крилца
1/2 лажиче сол
1/2 лажичка црвен пипер
1 лажичка сецкан ѓумбир
2/3 чаши брашно
1/3 чаша кикирики (по избор)
4 чешниња лук
3 до 4 лути пиперки (по избор)
1/4 чаша соја сос
1/2 чаша сируп од ориз или мед
1 лажица бел оцет
1 лажица сенф
1 лажица кафеав шеќер
1 лажица препечено семе од сусам
Масло за пржење

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.