Прилепски ширдени

4 исчистени јагнешки ширдени
1 кг телешка кртина
1 кг свинска кртина
2 главици кромид
100 г ориз
1 лажиче јенибар(пимент)
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче мелен црн пипер
1 лажиче сув зачин
1 лажица црвен пипер
1 лажица сечкан магдонос
1 домат
1 кг поситни компири
100 мл масло
На загреано масло испржете го ситно исечканиот кромид. Додадете ги двата вида месо и
динстајте додека испари течноста. Зачинете и додадете ги оризот и магдоносот. Тргнете од оган, со филот наполнете ги ширдените и затворете ги со чепкалки.
Наредете ги во земјана тава и налејте вода колку да ги покрие. Доматот исечкајте го на коцки и додадете го во тавата. Печете околу 1 1/2 час на 200 степени.
За време на печењето еднаш до два пати  превртете ги ширдените за да се испечат од сите страни. Потоа додадете ги компирите и печете додека поруменат.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.