Принцот Хари откри дека ја изгубил невиноста со постара жена на село

Принцот Хари треба да ги објави своите мемоари во јануари следната година, а некои сочни делови веќе протекоа во јавноста. Една од работите што излезе на виделина е тоа што принцот во своите мемоари откри кога и со кого ја изгубил невиноста.

Наводно, во своите мемоари, Хари зборува за тоа како ја изгубил невиноста како тинејџер со една прекрасна постара жена на село, а веднаш почнаа шпекулациите за тоа која би можела да биде таа.
Повеќето гласини беа поврзани со едно добро познато име, актерката Елизабет Харли, која поради тоа беше доведена во прилично непријатна ситуација.

-Не сум јас. Не сум јас виновна. Не, не јас. Апсолутно не, ги демантираше Харли гласините на медиумите кои и го поставија ова незгодно прашање.
Инаку, автобиографијата на принцот Хари наречена „Spare“ треба да излезе на 10 јануари следната година. Луѓе блиски до семејството веруваат дека на кралското семејство нема да му биде лесно за празниците бидејќи деталите од неговата биографија продолжуваат да протекуваат пред објавувањето на книгата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.