Присвоено куче се вратило назад во своето засолниште за да биде со неговата сакана

Кучето Бен поради љубовта кон кучката Џејд избегало од домот на луѓето кои го присвоиле и поминало 16 километри во многу студено време додека не пристигнало кај Џејд, еден ден подоцна. Бил најден како ја бакнува Џејд преку оградата на засолништето.
Двете напуштени кучиња прв пат се сретнале на улица, а потоа двете биле донесени во засолниште за напуштени животни. Меѓу нив се родила љубов која ја покажала својата сила кога тие биле одвоени.
Бен и Џејд се мелези кои времето го трошат заедно во засолништето, бидејќи вработените не сакаат да ги разделат. Непосредно пред пристигнувањето, Бен и Џејд станале родители, а разделени се кога Кортни и Џејсон Лавлер одлучиле да го присвојат Бен.
И покрај тоа што тој ја добил сета грижи и вниманието што го заслужува, Бен во новата куќа поминал само три недели пред  да избега, враќајќи се во засолништето, за да биде со својата сакана Џејд.
– Ниту едно од двете кучиња не почувствувале доволно љубов во нивниот живот, од некој друг, освен од нив двајцата. Нивната врска е толку силна и никој не може да ги одвои – велат ветеринарите.
Кога сопствениците на Бен дознаете, сфатиле дека постои само еден начин да го задржи нивното домашно милениче: И Џејд  да стане дел од нивното семејство, токму како што се случило.
Кучето Бен поради љубовта кон кучката Џејд избегало од домот на луѓето кои го присвоиле и поминало 16 километри во мно

Пронајдете не на следниве мрежи: