четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пријателство подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По вчерашниот коментар на својот Фејсбук профил во кој Каракачанов напиша дека „македонски јазик не постои и оти нема да дозволи тајно воведување на македонскиот јазик“ денес со одговор излезе македонското Министерство за надворешни работи. Во него се вели дека изјавата на бугарскиот вицепремиер за безбедност и министер за одбрана Красимир Каракачанов е извонредна прилика за сличен контра – одговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не оддалечи едни од други и наместо пријателство ќе создава непријателство.
-Потпишавме договор за пријателство и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот. Република Македонија и понатаму ќе продолжи со својата проактивна, конструктивна и добрососедска политика, во духот и на потпишаниот Договор со Бугарија и на европските вредности по кои се водат двете земји, соопшти МНР.

 

 

Поврзани вести