Cupra Formentor излезе како најпосакуван автомобил во Македонија според резултатите од Златно тркало 2025, по две недели активно учество на автомобилски љубители од целата земја. Ова е петто издание на Златно тркало 2025 и се бележи рекорден одзив, најголем во историјата на манифестацијата, со вкупно 30.630 гласови распределени во пет категории. Покрај тоа што Cupra Formentor го освои првото место со 39% од гласовите за најпосакуван автомобил во Македонија, Audi A5 беше избран за најпосакуван премиум автомобил со 35% од гласовите. Opel Grandland го освои првото место во категоријата семејни автомобили со 27% од гласовите, додека Geely Coolray е најпосакуван градски автомобил со 24% од гласовите. Во категоријата за најпосакуван електрифициран автомобил, Peugeot 3008 се истакна со 30% од гласовите. Гласањето заврши на 4 април на полноќ, а учество беа поканети да земат сите нови модели кои се презентирале на пазарот во изминатата година. Моделите беа номинирани од страна на овластени импортери и ставени пред јавноста за гласање. Сите граѓани со пристап до интернет можеа да го дадат својот глас, а финалистите беа еднакво промовирани на социјалните мрежи од страна на организаторите: Авто Плус, CARClub, Cars by Vik и RPM. Златно тркало расте во престиж и популарност, благодарение на заедничкиот напор и професионалната организација, како и на јасниот процес на избор. Оваа иницијатива на Авто Плус, заедно со CARClub, Cars by Vik и RPM, нуди уникатен пристап за избор на најпосакуваниот автомобил и постанува традиционален настан.
The post Прогласени победниците на Златно тркало 2025 во Македонија appeared first on 365.mk.