Прогласено е новото „it“ парче за оваа сезона!

Што сè може да се нарече главен хит за одредна сезона? Модните онлајн продавници сигурно го знаат одговорот на ова прашање.
Според аналитичарите на популарното eBay, оваа година корисниците најмногу биле заинтересирани за бициклистички шорцеви.
Повеќе од 110.000 парчиња бициклистички шорцеви се продадени на eBay во текот на оваа година. Затоа, заборавете на леопардот, кожниот изглед и без двоумење пробајте ги бициклистичките шорцеви. 
Всушност, тие се вратија во мода во септември во 2017-та година, благодарение на Виргил Абло. Креативниот директор на брендот „Off-White“, кој го вклучил ова парче облека во колекцијата пролет/лето, а Наоми Кемпбел го претставила на ревијата. Но, тогаш никој не ги сфатил сериозно.
Подоцна, Ким Кардашијан ги направила популарни, претставувајќи ги спортските бициклистички како најпопуларно парче за оваа сезона. Потоа трендот го прифатиле и други девојки – Каја Гербер, Емили Ратајковски, Бела Хадид…
Начелно, во 2019-та година бициклистичките шорцеви ќе ја задржат својата позиција, а тоа го потврдиле на последната модна недела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.