„Продавам цвеќиња за да ги прехранам внучињата од мојот починат син“ – ајде сите да ѝ помогнеме на баба Ѓурѓа од Карпош

Ги наредила букетите со цвеќиња во гајби за продажба, седнала на едно мало пластично столче пред главниот влез во Тинекс во Лептокарија и цел ден го минува таму, чекајќи потенцијални купувачи на цвеќиња.

Станува збор за 92-годишната баба Ѓурѓа, која зиме-лете можете да ја сретнете на истото место, чекор или два од влезот на Тинексот во Карпош, веднаш спроти фонтаната.
За неа не важат препораките за заштита од жештините преку лето, а не важат и препораките за заштита од студот преку зимата.

Баба Ѓурѓа, едноставно, има секојдневна задача: да продаде цвеќе за да може да ги прехрани внучињата од нејзиниот починат син.Ни жешко, ни тешко, никој мене за ништо не ме прашува. Имам 92 години, стара сум и болна, сѐ ме боли, ама морам да продавам цвеќиња за да се прехранам јас и моите внучиња кои ги чувам од мојот починат син. Немаат никој друг на светов, освен мене. Што да правам синко, таков е животот. И вам ви посакувам да си дочекате длабока старост, ама да не се мачите вака како мене – ни рече бабичката.

Ја прашавме дали самата ги сади и ги одгледува цвеќињата.Кај сум јас за садење и за одгледување цвеќиња, видете ме, едвај стојам на нозе. Другиот син ги бере од нива и ми ги носи за да ги продавам. Тука сум секој ден од рано наутро до пред стемнување. Немало ден да не продадам цвеќе. Има многу добри луѓе кои се сожалуваат и кои ми даваат дури повеќе пари отколку што навистина вредат цвеќињата. Некои ми купуваат и храна и вода – ни рече баба Ѓурѓа.
Упатуваме апел до нашите читатели, ако сте во можност, купете цвеќе од оваа бабичка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.