Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на луѓето им пружаа пожарникари од Кавадарци, Кочани, Берово и Македонска Каменица.

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски синоќа рече дека се работи за голема елементарна непогода и дека ништо не можело да ги спречи последиците од невремето, проследено со интензивни обилни врнежи.
„Ова е елементарна непогода. Екипите се на терен – територијалната противпожарна единица, јавното комунално претпријатие, „Македонија пат“, овде е и полицијата која го регулира сообраќајот да можеме побрзо да го ставиме градот во функција и да им помогнеме на луѓето каде што треба..ги контактиравме околните општини, пумпи за испумпување се на пат, имаме организирано, знаеме каде да ги упатиме овие пумпи“ рече Трајковски и додаде дека мора брзо да интервенираат затоа што има поплавени неколку улици и домови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.