Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
На денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци.
На последното рочиште пред Судот беше сослуш сведокот Горан Игновски, кој повеќе од 34 години работи со продажба и сервис на опрема за изнајмување за настани – озвучување, осветлување и сценски ефкети, изјави дека година и половина пред трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани им продал опрема (бокс за далечинска активација) и прскалки на Панчо и член од ДНК.
Сведоците рекоа дека Агенцијата за обезбедување Рубикон, сведочеше дека никогаш не сретнала некаков материјален документ дека помеѓу Пулс и Рубикон постола деловна соработка, а вработена во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани, изјави дека во врска со дискотеката „Пулс“ не добила никаква документација
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството – кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.


