Производството на нафта во Русија се намали за 3,5 проценти во првиот дел од годината

Производството на нафта во Русија се намали, во периодот од јануари до мај годинава, за 3,5 проценти, на 211 милиони тони, објави денес руското Министерство за енергетика.

Рускиот министер за енергетика Сергеј Цивилев изјави дека во споменатиот период производството на јаглен се зголемило за 0,1 процент, на 187 милиони тони, јави ТАСС. Производството на гас е намалено за три проценти, на 290 милијарди кубни метри, во првите пет месеци од 2025 година.

Споменатите податоци покажуваат и дека електричната енергија е произведена во помал обем од јануари до мај, за 1,7 проценти, на 510 милијарди киловат часови.

Пронајдете не на следниве мрежи: