Прокељ со сланина во кремаст сос

Потребни состојки:
300 г сланина
2 лажици путер
1 кг прокељ
4 чешниња лук
400 мл павлака за готвење
100 г моцарела
150 г пармезан
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Измијте го прокељот, исчистете го и исечете го на половина. Во голема тава пропржете ја исечканата сланина, па префрлете ја на хартија за да се исцеди.
Додајте путер во тавата, а потоа прокељот и зачинете го сол и бибер. Пржете неколку минути со повремено мешање.
Додајте го исечканиот лук и пржете го со прокељот околу 1 минута. Додајте павлака, намалете ја температурата и пржете го неколку минути. Ставете ја пржената сланина, па измешајте. Наросете го прокељот со моцарела и пармезан и печете уште 10-15 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.