Пролетно ледено кафе со цимет

Потребни состојки:
За сирупот од кафе:
100 грама светол кафен шеќер
80 милилитри јаворов сируп
120 милилитри вода
1 стапче цимет
За леденото кафе:
Ледени коцки од кафе
230 милилитри свежо подготвено кафе
2 лажици сируп од цимет
Пола-пола


Начин на подготовка:
За циметовиот сируп, ставете ги сите состојки во мало тенџере и варете на среден оган. Мешајте повремено, сè додека не се загрее добро и шеќерот не се растопи. Ќе ви требаат околу 5 минути. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се олади 15-тина минути. Отстранете го стапчето цимет.
За леденото кафе, наполнете висока чаша со ледени коцки кафе. Додајте го свежо подготвеното кафе, циметовиот сируп и пола-пола (микс од од хопла и млеко) за да добиете кремава содржина. Ставете и цевка и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.