Променливо облачно, ветровито и дождливо

Во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 15 до 23 степени Целзиусови.
И во Скопје, слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст. Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат во деновите од викендот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.