Пронајдено парче метал од авионите што удрија во кулите близначки

Њујоршката полиција соопшти во петок дека пронашла дел од еден од авионите кои на 11 септември 2001 година удрија во зградите на Светскиот трговски центар.Парче метал со должина од околу метар и половина и широчина околу метар, кое на себе има видлива ознака од Боинг и сериски број, е нпронајдено во среда меѓу две згради, три блока подалеку од местото каде што се наоѓаа кулите, соопшти полицијата.Една од зградите каде што е најдено парчето е зградата на исламскиот центар, за која се водеше жестока полемика дали треба да биде изградена толку блиску до местото каде што се наоѓаа кулите близначки.Полицијата го загради подрачјето и рече дека ќе истражи заради евентуални човечки останки.Постојат шпекулации дека парчето метал не било таму од 2001 година, туку дека е намерно подметнато подоцна.Во терористичкиот напад на 11 септември загинаа над 3.000 луѓе.
МакфаксЊујоршката полиција соопшти во петок дека пронашла дел од еден од авионите кои на 11 септември 2001 година удрија во з

Пронајдете не на следниве мрежи: