недела, 15 ноември 2026
Најново

Просечната нето-плата во декември 46 889 денари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и е повисока за 7,6 % во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10.9 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Образование 9.7 %.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 12.8 %, Рударство и вадење на камен за 9.0 % и Градежништво за 7.0 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во декември 2025 година изнесувала 70 520 денари.

Поврзани вести