Протеинско смути

Еве едно смути за сите оние кои што бркаат чист мускул! Готовата сурутка е побрза за консумација, но оваа е правата… и не е толку комплицирана за правење како што се мисли. Така што треба да пробате, нели?
(дозата е за 2 чаши)
2 банани
грст ореви
1 лажица гоџи бобинки
1 лажица ленено семе
3-4 семки сурово какао
1 шолја сурутка
(за сурутка)
500 мл млеко
1. Сите продукти се ставаат во блендер и се миксаат. Толку!
* важно е да не ставате многу различни продукти со сурутката за да не ви делува лаксативно.

Додаток – сурутка

*Ако млекото несакајќи ви се расипе, не го фрлајте туку направете си урда и сурутка!
1. Инаку, пресното млеко се остава на собна температура, отприлика 1 ден, за намерно да се расипе.
2. Потоа се вари до точка на вриење, но на потивок оган.
3. Ако клокоти чудно тоа значи дека сте на прав пат!
4. После некое време варење, млекото се двои на урда и сурутка. Тогаш го тргате на страна малку да се олади. Во цедалка ја цедите урдата од течниот остаток (сурутка).
5. И двата продукти се богати со калциум и протеини, и слободно може да се консумираат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.