Против кого пукна првата пушка на 11 Октомври? Договорот со Бугарија пишува нова историја

Славењето на првиот изблик на востаничката крв на Македонците на 11 Октомври пред 77 години, кога цела Европа беше под Хитлеровата чизма, е не само историски ден за современата македонска држава, но има и поинаква симболика. Историјата на удар на политиката.
-Во Струмица имаше спомен плоча на која пишуваше: Тука загина еден наш јунак од бугарски фашистички куршум. Тоа е избиршано, и е напишано од „фашистички куршум“. На пример уште многу години пред да биде договорот и тоа во Струмица, додека бев јас градоначалник, изјави Зоран Заев, за бугарска телевизија на 17 ноември 2017.
Ако бришењето е започнато, што одбележа Македонија годинава?
-11 Октомври има двојно значење, прво за сенародната македонска борба против фашистичкиот окупатор, и второ успешноста на борбата која заврши со формирање надемократска федерална Македонија на 2 август во 1944 година, вели за ТВ “Алфа“ историчарката Виолета Ачковска.
Македонската битка против фашизмот е впишана во европската историја, со сите земји кои во еден момент биле под директивата на Хитлер. Тоа не може да се избрише, исто како што не можат да се избришат оние кои не сакале да бидат во фашистичките редови.
-Политиката е минлива работа, историјата се факти, таа останува. Исто како што е неменлив и духот на македонскиот народ, кој и на тој 11 Октомври, а и сегашниов, покажува дека сака слободна и самостојна Македонска држава, додава Ачковска.
Споменикот за кој зборува премиерот е на народниот херој Благој Јанков – Мучето, кој на 14 јули 1944. година е предаден од домашни предавници, а потоа убиен од бугарската фашистичка полиција во центарот на Струмица. Откако Заев индиректно призна дека под негова директива е оштетен односно буквално иструган од спомен плочата зборот „бугарски“ – во описот на куршумот што го убил Мучето, “Алфа“ побарала одговор од Јавното обвинителство дали е поведена постапка. Помина речиси една година, но одговор нема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.