четврток, 12 ноември 2026
Најново

Му донирала бубрег на маж што не го видела во животот туку само затоа што ја трогнала празничната желба на неговиот син

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Добрите дела можат повторно и повторно да не воодушевуваат. Тие оставаат чувство на среќа и допир на неверување, без разлика дали се работи за нешто што се случува во нашата земја и ни е блиску или некаде далеку во светот. Еден таков пример беше објавен на мрежата Икс со опис кој истовремено е душевен и исцелувачки.

На видеото е прикажана наставничка во болничка облека прикачена на инфузија во болничката соба за да го види и запознае човекот на кого таа му го донирала својот бубрег.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Освен задоволството од благородниот чин некој да може да донира орган на непозната личност, деталите од овој пример се оние кои не можат да не остават рамнодушни.

Имено, оваа професорка по математика со својот благороден чин му спасила живот, но и му ја исполнила најголемата желба на малиот син кој имал само една желба – здрав татко.

Нивната средба се одржа со видлива благодарност на спасениот човек и забележителна скромност на учителката.

Погледнете како тоа изгледаше:

Поврзани вести