Професорка тепа 6 годишно дете ученик (видео)

Директорка фатена на камера како тепа 6-годишно дете ученик.

Директорката на училиштето во Флорида, Мелиса Картер, може да се соочи со кривична пријава откако беше снимена како удира мало дете пред нејзината збунета мајка во окружното училиште во округот Хендри.

6-годишното дете беше обвинето за штета од 50 американски долари на училишен компјутер – нејзината мајка, која не зборува течен англиски јазик, наводно отишла во училиштето за да ја плати казната.

Потоа, таа тврди дека ја донеле во канцеларијата на Картер, каде што тајно ја снимала како ја извршува физичката казна за нејзината ќерка: „Омразата со која ја удираше мојата ќерка, мислам дека беше омраза што, навистина, никогаш не сум ја удрила ќерка ми како што таа тоа го правеше“.

Картер, наводно, е под полициска истрага околу удирањето, ниту таа ниту нејзиното училиште не одговориле досега на барањата за коментар.

Флорида е една од 19-те сојузни држави кои сè уште дозволуваат физичко казнување.

Видеото можете да го погледнете на видео каналот на ПУЛС24.

Видеото можете да го погледнете на видео каналот на ПУЛС24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.