четврток, 12 ноември 2026
Најново

Професор од скопско училиште за средно музичко образование барал да има секс со 18 годишна ученичка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Наставникот во периодот од 25 февруари до 2 март годинава вознемирувал 18 годишна ученичка и барал да имаат полови односи

Фото: Фејсбук профил на МВР

Професор од скопско средно музичко училиште е приведен поради вознемирување ученичка,од четврта година,  информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што се наведува, се работи за 52 годишен маж кој приведен вчера во 17:30 часот, откако претходно бил пријавен од другарките на ученичката. Директорот на музичкото училиште веднаш го суспендирал професорот.
„Професорот во периодот од 25 февруари до 2 март годинава вознемирувал 18 годишна ученичка и барал да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, информираат во МВР.

Поврзани вести