Прочитајте го ова ако сте уморни од сѐ!

Сите се изморуваме, и не само во физичка смисла, така што понекогаш, остануваме без сила. Имаме желба да се предадеме, да се свртиме против цел свет. Но, тоа секако, не е излез.
Прочитајте го овој текст, кој ќе ви помогне на заморот да погледнете од малку поинаков агол. Длабоко дишете, читајте и дејствувајте.
Светот не е добар кон вас и сте губеле повеќе отколку што сте добивале, а сега немате никаква инспирација тоа да го пробате повторно.
Понекогаш сакаме да се откажеме од се’, но тоа нема да ги реши нашите проблеми.
Светот во кој живееме многу исцрпува. Тој не е благодарен. Уморни сте, дури и од тоа што живеете во него. Сте се умориле затоа што премногу сте сакале, се грижите, но ништо не добивате за возврат. Се уморивте од неизвесност.


Некогаш сте биле полни со надеж, оптимизам, сте биле подготвени да почнувате од почеток. Но скршеното срце, неисполнетите ветувања, неуспешните планови полека ве кршат.
Вистината е дека сме сите уморни. Секој од нас. По одредени години, сите сме армија на скршени срца и болни души, кои очајно бараат хармонија.
Сакаме повеќе, но премногу сме уморни да бараме. Не ни се допаѓа тоа каде се наоѓаме, но премногу сме исплашени да почнеме нешто од почеток. Треба да превземеме ризик, но се плашиме дека сите околу нас ќе исчезнат. На крајот на краиштата, не сме сигурни колку пати ќе можеме да почнеме се’ од почеток.
Уморни од игри, кои ги играме, лаги кои ни ги кажуваат, несигурности кои си ги даваме едни на други.


Оптимистичните идеални, негувани во минатото, сега изгледаат безнадежно и глупави. Но кога сте толку блиску до откажување, направете барем уште еден обид, со последниот атом на сила ако е тоа потребно.
Ние многу повеќе го сакаме животот, отколку што можеме да замислиме. Во состојба сме да дадеме повеќе љубов, надеж, страст и се остнаато. Сакаме моментални резултати и затоа се предаваме, ако не видиме ефекти. Чувствуваме разочараност поради недостатокот на повратни информации и затоа се откажуваме од сите обиди.
Сфатете дека никој од нас не може да биде инспириран секој ден. Сите ние сме исцрпени. Сите ние паѓаме во разочарување. Сите ние се заморуваме. Факт е дека ако сме уморни од животот, воопшто не значи дека тој стои на едно место. Секој човек, на кој сте се восхитувале, барем еднаш почуствувал пораз во потрага за своите соништа. Но тоа не го спречило да ги оствари своите цели. Не дозволувајте да се откажете без оглед на тоа што сте наумиле да го направите и да ги остварите вашите планови.
Кога сте уморни тргнете полека. Движете се мирно, без брзање. Но не сопирајте. Уморни сте од сосема објективни причини. Уморни сте затоа што сакате да работите и да се менувате. Уморни сте затоа што растете, но едно запомнете, никогаш не се откажувајте од вашите цели, колку и да изгледаат дека не се на дофат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.