ПУКАЊЕ ВО ПРИЛЕП! Една жена е ранета!

Денеска околу 14 часот пред Центарот за социјална работа Прилеп, засега непознато машко лице испукално неколку куршуми од огнено оружје.

Во пуктотницата со прострелна рана се здобила М.Ѓ. (36) од Прилеп, вработена во институцијата.

Маркукуле дознава дека повредената се здобила со влезно-излезна рана во десниот дел од градниот кош. М.Ѓ. е примена во градската болница “Борка Талески” и е моментално во стабилна состојба.

Според информациите на Инфомакс сторителот е лице со психичко растројство, кое било пријавувано и претходно. Нејасно е како истиот поседувал оружје.

Пронајдете не на следниве мрежи: