Пула: ЗАБРАНЕТ КОНЦЕРТ НА ТУРБОФОЛКЕРИТЕ БЕКУТА И КЕБА

Градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ, го забрани концертот на кој на 25 март во „Домот на спортот“ во Пула требаше да настапат спрските пејачи, како Ана Бекута и Драган Којиќ Кеба, со образложение дека „сака да го зачува идентитетот на граѓанската, европската и медитеранската Пула“.

„Иако целиот тим на ‘Хилјадарка’ беше со голем ентузијазам за овој концерт, не можевме да ја смениме одлуката на градоначалникот на Пула, г-дин Филип Зоричиќ, кој одлучи дека „на јавните простори во Пула нема да има турбофолк музика“, посочуваат од продукцијата „Хилјадарка“, која го организираше спорниот концерт.
Пула: ЗАБРАНЕТ КОНЦЕРТ НА ТУРБОФОЛКЕРИТЕ БЕКУТА И КЕБА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПУЛА изјави дека градот ќе го зајакне својот „граѓански идентитет“.


„Моја должност е да бидам отворен за сите, а на јавниот простор додека сум градоначалник ќе го промовираме и зачуваме идентитетот на граѓанската, европската и медитеранската Пула со сите нејзини богати мултикултурни и мултиетнички вредности. Пула во моментов е европското „жариште“ за концерти. Летото во арената ги носи изведувачите од светска класа како што се Роби Вилијамс, „Imagine Dragons“, Ерос Рамацоти, „Florence and the Machine“… Колку ова значи за Пула како дестинација е непотребно да кажам. Мислам дека имаме право да бидеме селективни кога одлучуваме кои изведувачи ќе настапуваат во градските простории“, рече Зоричиќ.

Покрај Бекута и Којиќ, на концертот требаше да бидат и Душко Кулиш и Зорана Миќановиќ.

Концертот го организираше организацијата „Хилјадарка“, која веќе се договорила со градското претпријатие „Пула спорт“ да ја даде салата под закуп за 25 март, но кога градоначалникот Зоричиќ дознал за тоа – се било откажано, пренесува „Глас Истре“.

– Иако целиот тим на „Хилјадарка“ беше со голем ентузијазам за овој концерт, не можевме да ја смениме одлуката на градоначалникот на Пула, г-дин Филип Зоричиќ, кој одлучи да нема турбо фолк музика на јавните простори – велат од организацијата.

Со посебно жалење од организаторите за откажувањето, соопштено е дека концертот е преместен во Осиек.

– Одзивот на концертот беше феноменален, а за првпат гледаме дека толку голем број луѓе се заинтересирани. До концертот имаше повеќе од еден месец, а 85 отсто од билетите веќе беа продадени. Очигледно е дека луѓето од Пула и околината биле многу заинтересирани за овој концерт – најавија организаторите и додадоа дека концертот ќе биде преместен во Осиек.

Наведоа и дека сите што купиле билети, од кои речиси 3.000 се продадени, можат да добијат враќање на парите или да ги искористат на концертот во Осиек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.