ПУТИН ИМЕНУВА НОВ КОМАНДАН ЗА УКРАИНА „Брутален генерал дури и според стандардите на руската армија“

Командантот на Воздухопловните сили (ВКС) на Руската Федерација Сергеј Суровикин е назначен за командант на Здружената група на сили во зоната на специјални операции во Украина, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, Игор Конашенко.

ПУТИН ИМЕНУВА НОВ КОМАНДАН ЗА УКРАИНА „Брутален генерал дури и според стандардите на руската армија“

Со одлука на министерот за одбрана на Руската Федерација, генералот на армијата Сергеј Суровикин е назначен за командант на Здружената група трупи (сили) во зоната на специјални воени операции – рече Конашенков на брифингот, пренесува Интерфакс.

Од 24 јуни, Суровикин командуваше со Јужната група руски трупи во „зоната за специјална операција“ во Украина.

Претходно командуваше со руска група во Сирија, а учествуваше и во втората чеченска војна.

Суровикин беше назначен за командант на руските воздушни сили во ноември 2017 година.

Претходно, од октомври 2013 година, тој командуваше со трупите на Источниот воен округ.

„Тој е озлогласено корумпиран и брутален генерал, дури и според стандардите на руската војска“, тврди британското Министерство за одбрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.