Путин му потврди на Ердоган дека Русија може да извезува храна доколку бидат укинати санкциите

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот во телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потврдил подготвеноста на руската страна за извоз на ѓубрива и храна доколку бидат укинати санкциите, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Со оглед на проблемите на глобалниот пазар на храна настанати како последица на немудрата финансиска и економска политика на западните држави, беше потврдено дека Русија може да извезува значителни количини ѓубрива и земјоделски производи во случај да бидат укинати релевантните антируски санкции ограничувања“, соопшти Кремљ.

Путин и Ердоган разговарале за ситуацијата во Украина со фокус на обезбедување безбедна пловидба во Црното и Азовското Море и елиминирање на заканата од мини во нивните водни области, додаде прес-службата на Кремљ. „Владимир Путин ја истакнал подготвеноста на руската страна да го олесни непречениот поморски транзит на стоки во координација со турските партнери. Тоа се однесува и на извозот на жито од украинските пристаништа“, истакна прес-службата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.