ПУТИН ОПАСНО СЕ ЗАКАНИ: „Доколку Европа сака да започне војна, Русија е веднаш подготвена“

Борбите моментално се водат во Купјанск-Узловаја, а според рускиот лидер Владимир Путин, руските вооружени сили ќе ја окупираат оваа населба за неколку дена.

Путин додаде дека Русија моментално ги контролира десниот и левиот брег во близина на Купјанск.

„Малку јужно (од Купјанск), по должината на брегот на реката, има уште една населба наречена Купјанск-Узловаја. Мислам дека таму има две илјади згради. Таму се водат борби, 600 згради, некаде околу илјада, 600-650 згради се во рацете на руската армија. Напредуваме. Мислам дека ќе ја окупираме таа населба за неколку дена. Тоа е посебна населба“, им рече Путин на новинарите.

Тој исто така нагласи дека Русија не планира да води војна против Европа, но…

„Русија нема намера да војува со европските земји, но ако Европа сака да започне војна, Русија е веднаш подготвена“, рече Владимир Путин, додавајќи дека во таква ситуација Москва „нема со кого да преговара“, објави Скај њуз.

„Европа ја спречува администрацијата на Трамп да постигне мир во Украина“

Тој додаде дека, според негово мислење, Европа ја попречува администрацијата на американскиот претседател во постигнувањето мир по прашањето на Украина.

Путин го изјави ова на форумот „Русија повикува“, пред средбата со претставникот на Трамп, Стив Виткоф, која започна кратко пред 16 часот.
The post ПУТИН ОПАСНО СЕ ЗАКАНИ: „Доколку Европа сака да започне војна, Русија е веднаш подготвена“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: