ПЈОНГЈАНГ ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ ШОКИРА СЕУЛ И ВАШИНГТОН: Лансирана е нова балистичка ракета! Шести пат за помалку од 7 дена

Северна Кореја денеска лансираше две нови балистички ракети и тоа беше по шести пат за помалку од две недели. Пјонгјанг објави дека тоа е „праведна одмазда“ за воените вежби на Вашингтон и Сеул во регионот.

ПЈОНГЈАНГ ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ ШОКИРА СЕУЛ И ВАШИНГТОН: Лансирана е нова балистичка ракета! Шести пат за помалку од 7 дена

Јужнокорејската војска објави дека две ракети со краток дострел биле лансирани од околината на Пјонгјанг кон Јапонското Море.

Јапонската крајбрежна стража го потврди лансирањето.

Ова шесто лансирање за помалку од две недели е „апсолутно неприфатливо“, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Станува збор за „праведна одмазда на Корејската народна армија против заедничките воени маневри на Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави кои водат до ескалација на воените тензии на Корејскиот полуостров“, соопштија севернокорејските власти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.