Работнички ја прегази Струмица

Екипата на Работнички ја прегази Струмица со 99:66 во натпреварот од 13.коло во домашото првенство.Најтрофејниот македонски тим со оваа победа на коло пред крајот на натпреварите во првата фаза, избори пласман во Супер лигата.Екипата од Градски парк уште во првото полувреме, предводена од Абукар, направи предност од 23 поени со што го реши прашањето на победникот. Абукар со 33 поени беше клучниот играч во тимот на Емил Рајковиќ.На другите натпревари Куманово го победи Пелистер со 92:77, а Фени индустри беше подобар од Вардар со 87:74. Дербито помеѓу Лирија и Кожув, в недела ќе го комплетира колото.Табела: 1.Фени индустри 10/3, 2.Кожув 10/2 (-1), 3.Лирија 9/3 (-1), 4. Куманово 8/5, 5.Работички 6/7, 6.Струмица 5/8, 7.Вардар 2/11, 8.Пелистер 1/12.
МакфаксЕкипата на Работнички ја прегази Струмица со 99:66 во натпреварот од 13.коло во домашото првенство.

Пронајдете не на следниве мрежи: