Раванија

6 јајца
6 лажици шеќер
12 лажици гриз
12 лажици брашно
рендана кора од 1 лимон
1 прашок за печиво
ШЕРБЕТ
500 г шеќер
1 л вода
1 ванилин шеќер
Во сад за матење ги ставаме јајцата и шеќерот. Матиме со миксер додека шеќерот не се растопи. Го додаваме гризот и матиме уште неколку минути. Потоа ги додаваме брашното и прашокот за печиво. Промешуваме сосема малку со миксерот на најмала јачина. Со лопатка ја промешуваме смесата за да нема грутчиња од брашното и ја нанесуваме во тава број 28. Печеме околу 30 минути на 200 степени. Изладениот колач го сечеме на коцки или ромбови.
Од водата, шербетот и ванилиниот шеќер околу петнаесетина минути го вариме шербетот. Со топлиот  шербет ја преливаме изладената раванија. Оставаме да се излади и да го впие шербетот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.