Раванија со пудинг и ореви

Потребни состојки:
1 пудинг
1 печиво
3 јајца
9 лажици масло
9 лажици брашно
9 лажици млеко
9 лажици шеќер
Ореви
Шербет
2 шолји шеќер
2 шолји вода
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете ги сите течни состојки. Додадете го пудингот така како што е во прав. Додадете го и печивото и брашното и измешајте.
Обложете тава(20х20) со хартија за печење. Ставете ред мелени и сечкани ореви колку да се покрие површината и полека истурете ја смесата за колачот одозгора. Печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час. Оставете го да се излади, па прелијте го со топол шербет. За шербетот само зовријте ги водата и шеќерот и варете 5/10 минути.
Оставете го колачот убаво да го прими шербетот и да се излади, па уживајте во вкусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.