Разрешен секретарот на Скопје Зоран Глигоров, на негово место доаѓа Наталија Митовска

Нови промени во врвот на администрацијата на градоначалничката Данела Арсовска – денеска беше разрешен секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, а на негово место ќе биде назначена Наталија Митовска.

За Митовска во соопштението од Град Скопје се вели дека била носител на високи раководни функции во Владата.

Календар на МПЦ: Денес се слават овие светители
Светите маченици Тимотеј и Мавра Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа изведени на суд заради верата во Христос …
Уставните измени се приоритет, со ВМРО-ДПМНЕ ќе бараме меѓународни гаранции
„Оваа влада ќе биде стабилна и ќе има над 75 и 80 пратеници. Ние сме да се донесат уставните промени. ВМРО-ДПМНЕ истото го има во програмата, но …

Од 1998 година работи како советник на потпретседателот на Владата, а од 2000 до 2002 била помошник-министер за внатрешни работи задолжен за меѓународна соработка и европски интеграции.

Митовска била и советник на генералниот директор на ЕЛЕМ од 2015-2019 година.

„На позицијата секретар на градот Скопје доаѓа како професионалец кој може значително да придонесе кон работата на градската администрација и реализација на проектите од програмата ‘За модерно Скопје’“, се вели во соопштението до медиумите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.