Разрешен уште еден функционер на “огнените”

Уште еден функционер на ДУИ од „огнената група“ е разрешен од својата функција. Се работи за државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Ресми Ејупи. Тој вели дека е разрешен поради тоа што е неистомисленик, односно затоа што се приклучи на огнените кои од неодамна почнаа да делуваат како фракција.

Со разрешувањето на Ејупи и претходно на Башким Хасани, еден од најголемите ограноци на ДУИ, како што е гостиварскиот огранок, останува без ниту еден претставник во извршната власт, што се случува за прв пат од формирањето на ДУИ.

Ејупи на Фејсбук напиша дека ќе продолжи со поддршката за “онените”.

Пронајдете не на следниве мрежи: