Раиконен: Парите се важни во Ф1

Кими Раиконен, победникот на првата трка во новата Формула 1 сезона, оценил дека неговиот Лотус може рамноправно да се бори за шампионската титула, но дека во таа борба би помогнало кога тимот би имал поголем буџет.„Имаме сé што е потребно, но парите се важен дел. Немаме ист буџет како Ферари, Ред Бул или Мерцедес, но и минатата година видовме дека можеме да оствариме забележителни резултати“, рекол Раиконен.„Кога би имале повеќе пари, шансите за освојување на титулата би биле поголеми, би биле порамноправни со големите тимови. Имаме добри планови и доколку ги следиме, можеби на крајот сé ќе биде добро“, дополни 33-годишниот возач на Лотус.Победникот на 20 трки и шампионот во Формула 1 од 2007 година, дополнил дека тимот мора да ги повтори работите од минатото првенство кога во вкупниот поредок го освои четвртото место зад Ред Бул, Ферари и Мекларен.Првенството во Ф1 продолжува претстојниот викенд, кога на 24-ти март ќе се вози трката за Големата награда на Малезија.
МакфаксКими Раиконен, победникот на првата трка во новата Формула 1 сезона, оценил дека неговиот Лотус може рамноправно да се

Пронајдете не на следниве мрежи: