Ракија од шипка – одлична за зајакнување на имунитетот

Поради високата содржина на витамин Ц, шипката се користи за зајакнување на имунитетот и ја зголемува отпорноста на инфекции како што се настинки и грип. Таа содржи танини кои имаат способност да стегаат и ги ублажува проблемите со дијарејата, особено ако е предизвикана од треска.
Ракија од шипка – одлична за зајакнување на имунитетот
Чајот од шипка се користи за лекување на воспалителните процеси на бубрезите, како и за спречување појава на нови болести. Луѓето кои имаат песок и камења во бубрезите или во мочниот меур, треба да пијат чај од шипка подолго време.


Поради киселиот вкус, чајот од шипка е пријатно освежување ако имате треска. Семките од шипка се користат во народната медицина за лекување болести на бубрезите и на мочниот меур.
Мармаладот од шипка е дополнителен извор на витамин Ц во зима, а чајот од шипка нема никакви штетни ефекти и може да се пие подолго време.
Рецепт за ракија од шипка
Потребни ви се 250 грама шипка, 250 грама шеќер и 1 литар лозова ракија со 45 проценти алкохол.
Исечкајте ја шипката и ставете ја во тегла од 1,5 литри. Прелијте ја со ракијата, додајте го шеќерот и оставете да отстои десетина дена на топло место. Повремено протресувајте. Потоа, исцедете ја и турете ја во шише. Пијте околу 40 милилитри дневно за да го зајакнете имунитетот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.